25. 08. 2010 12:54

Нино ќе пее на Охридски трубадури

Нино ќе пее на Охридски трубадури

 Фолк пејачот Нино Величковски утре вечер ќе настапи на фестивалот „Охридски трубадури„ со песната „Лечи ме од спомени„. Музиката е на Боби Серафимовски, а текст на Огнен Неделковски.

 Ќе настапам на фолк вечерта со многу интересна песна. Се работи за подинамична песна, стилски поразлична од она што публиката навикнала да ме слуша, но ова е едно изненадување и затоа ќе биде предизвик за мене и за публиката.Песната е хитовска и се надевам дека ќе си најде место на македонската сцена- вели Нино.

Нино не е оптеретен со награди и затоа очекува публиката и жирито да си го каже своето мислење,онака како што ќе ја доживеат песната.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk