17. 08. 2010 13:43

Нова Балканска филхармонија

Нова Балканска филхармонија

„Оркестар без граници“ е името на новата музичка мисија што од следното лето од Охрид ќе тргне во освојување на балканските и европските простори.

 Стотина музичари од нашата земја, Србија, Словенија, Хрватска, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина в година ќе формираат нов балкански оркестар, слично на поранешниот Балкански оркестар. Станува збор за интернационален проект на Музичката младина на Македонија, концертната агенција „Југоконцерт“ и агенцијата „Соник перформинг артс“ од Берлин, поддржана од европските фондови, чиј финален изглед ќе биде добиен на музичкиот фестивал БЕМУС во Белград во октомври годинава. Членовите на оркестарот ќе се избираат по пат на аудиции, а со него ќе раководи диригентот Премил Петровиќ од Србија, кој е иницијатор на проектот. 

- Идејата е стара две, односно три години. Но овој проект се роди во разговор со диригентот Петровиќ како нова конотација на Балканскиот оркестар, кој постоеше порано. Завршните разговори околу проектот ќе се случат во октомври, кога заедно со директорката на Филхармонијата, Маја Чанаќевиќ, ќе присуствуваме на БЕМУС. Се водиме по изреката скокни па речи оп, иако работата е 60 отсто завршена.на аудициите ќе може да се пријават сите, без разлика на возраста и ова е одлична можност да бидат вклучени и младите и талентирани музичари. Следниот август, збирно место на ансамблот ќе биде Охрид, каде што оркестарот треба да го изведе првиот од шестте предвидени концерти. - вели Александар Грасимовски.

Музичарите ќе бидат селектирани на аудиции во градовите во кои постојат партнери заинтересирани за соработка на овој проект. На таа листа се БЕМУС, Љубљанскиот фестивал, Музичка младина на Македонија, Музичкото биенале во Загреб, Музичката младина на Нови Сад, Музичкиот центар на Црна Гора (и фестивалот „А темпо“), „Ремусица“ од Приштина и фестивалот „Сараевска зима“.„Оркестар без граници“ ќе стои рамо до рамо со најдобрите европски ансамбли. Планирано е во 2012 година седум членови од Берлинската филхармонија да одржат работилници со кои на музичарите од „Оркестар без граници“ ќе им го приближат начинот на работа на еден од водечките светски. 

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk