04. 09. 2010 18:59

Одлична хип-хоп журка на кејот

Одлична хип-хоп журка на кејот

На Градскиот кеј синоќа се одржа првата фестивалска вечер од ,,Урбан Фест 2010”, која беше наменета за хип-хоп музиката. Четири часа младите кумановчани имаа одлична забава, со добра музика, нови таленти и млади артисти.

Вториот „Урбан Фест„ помина во најдобар ред, дури и подобро од минатогодишниот. Неговата цел беше да се соберат и зближат младите во име на музиката и да покажат дека го сакаат Куманово и секогаш ќе дадат свој придонес за добра забава во градот. Не делам лоши и добри артисти, но реално дека некои групи или артисти се со поголем потенцијал. Но овде сите ги почитувам и сите се добри, сакам вака да продолжат со творење музика и настапи и Куманово да заживее повеќе на музичко поле- задоволно изјави организаторот Бране Јанковски.

Синоќа првата вечер ја отворија младите изведувачи Dayo MC Vuk i Koki Jan, Edi i Vlatak MC Tiho, Naumatik i Bandit. Тие пееја за животот и сите проблеми кои ги прокупираат младите.

Задоволен сум од настапот и организацијата. Но, не ми се допаѓаше што на фејсбук имаше повеќе од 600 луѓе што напишале дека ќе присуствуваат, а никој од тие не се појави. Во публиката имаше само клинки кои немаат врска од рап, а дошле само заради симпатијата и потоа да се пофалат на фејсбук дека биле присутни оваа вечер. Публиката не умее да цени труд и рап и секој гледа само име кој има и само на него рипа и пее - смета Тихомир Ангеловски а.к.а МЦ Тихо по неговиот прв настап.

Атмосферата се вжешти кога на сцена излегоа R2 i Alijansa и ги запеаја нивните најдобри хитови ,,Со иста мера'', ,,Спомени”, ,, Добра ноќ”, во кои посебно уживаше женскиот дел од публиката. За време на изведбата на ,,Добра ноќ” Л.Е.Ф клекна пред публиката, додека Непознат Проект со Д.Х.Ц. пееше за својата девојка. Силен впечаток оставија групата 79 и раперот Тајсон. Најголема прашина се крена кога се појави Тyzze. Ги отпеа неговите најголеми хитови ,, Грев '', ,, Колку си жешка'', ,,Ѕверови''…Девојките врескаа и скокаа на песните  на најхаризматичниот рапер.

Учесниците добија голем аплауз и подршка од публиката да продолжат во градење на нивните кариери, бидејќи се на добар пат да успеат, не само во Куманово туку и пошироко. Покровител на Фестивалот е градоналачалникот и Советот на Општина Куманово.

K.K.

Одлична хип-хоп журка на кејот

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk