31. 08. 2010 15:49

Тијана Дапчевиќ во Куманово

Тијана Дапчевиќ во Куманово

 Организаторите кажуваат дека е планирано концертот да трае 2,5 часа, а кумановци ќе имаат можаност да уживаат во нејзините хитови „Роѓен да будеш мој„,„Земља мојих снова„, „Она то зна„, „Све је исто само њега нема„,„Марионете„,„Степски вук„,„Јача од судбине„ и многу други.

 Во локалитетот „Касапскиот круг„ во сабота ќе гостува српската поп звезда со македонско потекло Тијана Дапчевиќ. Организаторите кажуваат дека е планирано концертот да трае 2,5 часа, а кумановци ќе имаат можаност да уживаат во нејзините хитови „Роѓен да будеш мој„ , „Земља мојих снова„ , „Она то зна„ , „Све је исто само њега нема„ , „Марионете„ , „Степски вук„ , „Јача од судбине„ и многу други. Почетокот е закажан во 22 часот, а влезницата чини 100 денари. Тијана деновиве е во Македонија и покрај во Куманово ќе одржи концерт во Валандово и уште неколку градови.

 Од 2000 година Тијана живее во Белград и досега има издадено четири албуми.Таа е мажена и има син Вук. Тијана подолго време не гостувала во Куманово и постои голем интерс за нејзиниот концерт.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk