×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тијана: Тетка ми се смува со Кинезот

    10.09.2010 06:53 | KumanovoNews

     По неколку години пауза Тијана Дапчевиќ одржа концерт во локалитетот „Касапски круг„. На задоволство на нејзините обожаватели освен старите хитови, отпеа и неколку песни од новио албум, а на нејзиниот репертоар се најдоа и балaди од Здравко Чолиќ и Бело Дугме.

    Тијана: Тетка ми се смува со Кинезот

     Во чест на Денот на независноста, многу емотивно ја испеја песната „За многу години Македонци„ од Виолета Томовска.

    Многу убаво си поминав. Пет години не сум пеела во Македонија и можам да кажам дека кумановската публика е таква каква што била отсекогаш. Луѓето се расположија и заедно направивме екстра забава.

    Помладата публика на почетокот на концертот беше поприлично инертна, се забележува дека добар дел од нив се инфицирани од турбо фолк. Има ли лек за тоа или младите длабоко загазија во шунд и кич?

    Точно е дека се инфицирани со турбо фолк музика и нема лек за тоа, но помладата публика обично е срамежлива на почетокот, а потоа се размрдува и знае да почувствува добар ритам.

    Имаше повеќе девојки на концертот отколку машки.Дали се можеби навредени од новата песна "Глупо мушко моје"!?

    Ха, не знам до што е но на сите мои концерти има повеќе жени и мислам дека тие знаат подобро да се забавуваат.

    Планирате ли повторно да учествувате на избор за песна на Евровизија?

    До сега никој не ме повикал,хаха! Мислам дека треба некои работи да се сменат. За сега, па и не ми е предизвик. Учествував пред десет години на избор за македонска песна на Евровизија, но дефитивно начинот на гласање не ми се допаѓа. Подобро е кога има еден претставник, а потоа се бира со која песна ќе настапи.

    Кога сме кај Европа, што мислите, што ќе прават Србите и Македонците ако за чудо ги примат во ЕУ?

    Ќе им се забрани по дворови да печат ракија и да прават ајвар, а не се толку ажурни ни едните ни другите за да направат бренд од сето тоа.

    Не знаеме што стана со тетката од песната „Ја имам тетку„. Кинезот ја ожени само заради документи или тетката успеа и да го смува?

    Го смува тетката...навистина Кинезот нема пари, ама си се најдоа.

    Тијана наскоро ќе го промовира спотот за нејзината нова нумера „Кажи ми да знам„, кој е во стилот на осумдесетите години. Таа не знае која од песните на новото ЦД ќе стане хит и вели дека сите и се интересни на свој начин.