×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жените помалку застапени во политичкиот и јавен живот, бременоста и мајчинството најголем проблем при вработувањето

    21.11.2022 19:31 | KumanovoNews

    „На интервју за работа секогаш ме прашуваат дали  имам деца и дали планирам бременост. Работодавачите ги интересира и економскиот статус и примањата на сопругот. Оваа не е во ред, а бремените жени најмногу се дискриминирани при вработување“, посочува една од испитаничките во одговорите на прашалникот на Куманово њуз за положбата и правата на жените во Североисточниот регион.

    Жените помалку застапени во политичкиот и јавен живот, бременоста и мајчинството најголем проблем при вработувањето

    Според  мислењeто на учесниците во повикот за граѓаните, токму бременоста и мајчинството се најголем проблем при вработување на жените и „атак“ врз родовата рамноправност. Тие  се соочуваат и со предизвици како што се мобингот, заштитата од родово и семејно насилство, помала застапеност во политичкиот и јавен живот. Впечатливо е, пак, што добар дел од нив сметаат дека жените успеваат да постигнат баланс помеѓу семејството и  кариерата.

    Повикот за положбата и правата на жените од Североистокот имаше за цел да го слушне ставот на граѓаните за родовата рамноправност и за  еднаквите можности на жените и мажите на кои последните години активно се делува преку законски решенија, кампањи и препораки.  На прашалникот одговорија  вкупно 112 испитаници од кои најголемиот дел се жени (105). Според возраста, најзастапени се  лицата од 35-50 години (51,8%), а потоа следуваат оние од 51-64 години (25,9%) и од 18 -34 (21,4%). Високи 86,6% од нив се вработени, а неврботени се  8,9%.

    Половина од испитаниците сметаат дека жените се делумно зависни од мажите, а околу 30 % посочуваат дека тие се независни во однос на мажот. Високи 49,1% го делат ставот дека можностите за вработување на мажите и жените се еднакви , една третина  навеле дека жените потешко се вработуваат, а 19,6 % сметаат дека работодавците секогаш избираат маж наместо жена со исти квалификации. Во однос на примањата, 61% од испитаниците се на мислење  дека жените имаат исти плати како и мажите, но сепак 37,5%  сметаат дека тие се уште се пониски. Поделени мислења има и околу секторите во кои се вработуваат жените. Забележително е што близу 60% одговориле дека полот не е пресуден , но за 39.3% навеле дека жените главно се вработуваат во сектори со пониски примања. Добар дел од нив не знае какви договори добиваат жените, а останатите посочиле дека  тоа се времени вработувања, договори за дело и  скратеното работно време. Дека жените работат на црно навеле  7,6%  од оние што го одговориле прашалникот.

    „Работа за жени има во угостителство, во фабриките и во трговијата. Многу тешко се наоѓа во некој друг сектор. Има и возрасна граница-ако преминеш 40-тина години во бутици не те вработуваат. Работев една и пол година во угостителски објект,  непријавена, во многу тешки услови, со 30% помала плата од просечната. Во трговијата е многу напорно работното време, по 8-9 часа дневно, 6 дена во неделата. Се соочуваме и со сексистички коментари од работодавците, соработниците и клиентите“, забележува испитаничка која укажува на нерамноправниот пристап на жените  до пазарот на труд и нивна дискриминација.

    Најголема усогласеност на испитаниците има во однос на бременоста и мајчинството  каде високи 81,3% сметаат дека работодавците не сакаат да вработуваат бремени жени и мајки. Над 41% пак, навеле дека жените се соочуваат со мобинг на работа, и тоа главно од сексуална природа, а речиси исто толку го делат ставот  дека мобингот не зависи од полот и родот.

    Жените се уште не се рамноправно застапени во политиката и јавниот живот како што се парламентот, општинските совети, јавните институции. Дури 72,3 % сметаат дека жените многу помалку учествуваат во овие институции и органи, а само 19, 6% навеле дека има родов баланс. Многу помалку жени има и на раководни позиции, сметаат речиси половина  од учесниците во повикот, а една третина  од нив мисли дека  мажите и жените имаат исти можности за кариерен  развој. Околу 20% ,пак, се на став  дека жените потешко напредуваат во кариерата. За одбележување  е што високи 61,6%  го делат мислењето  дека  жените успеваат да постигнат баланс  помеѓу кариерата и семејството, додека нешто помалку од една третина  смета. дека жените се подредени на семејството. Само 12,5% одговориле дека на жените кариерата им е пред семејството.

    „Има образовани  и независни жени,  кои успешно се справуваат со сите предизвици. Прават баланс помеѓу приватните, семејните и професионални обврски и постигнуваат солидни резултати“, смата една испитаничка.

    На прашањето дали жените рамноправно учествуваат во поделбата на имотот  само 17% одговориле потврдно , а 12,5% посочиле дека жените имаат исти права како и мажите. Останатите навеле дека жените се откажуваат од правата врз имотот во корист на братот (36,6%) или во корист на мажот (33,9%).

    Жените немаат поддшка и помош во случаи на родово и семејно насилство и се препуштени сами на себе, навеле речиси половина од испитаниците. Околу  20% ,пак,сметаат дека има институции , како и шелтер центри за заштита на жртвите од овој вид насилство. Високи близу 60% остануваат во нефункционални бракови заради заедничките деца, сметаат испитаниците,  25% затоа што немаат самодоверба, а 19,6 % затоа што се економски зависни од мажите. Меѓу наведените причини се и срамот со кој се соочуваат жените и стекнатите навики да останат во нефункционални семејства.

    Генерален заклучок од истражувањето за положбата и првата на жените од Североисточниот регион е дека има одреден напредок во постигнувањето на родова рамноправност, но дека се потребни  посеопфатни политики за еднакви можности на жените и мажите. Најпроблематични остануваат мајчинството и бременоста, слабата застапеност во политиката и јавниот живот, семејните права, родовото насилство и немањето самодоверба. Сепак, жените се уште ретко се осмелуваат да зборуваат за своите негативни искуства и да ги споделат со јавноста, давајќи придонес за унапредување на нивните права и положба.

    Жените во централната и локална власт

    Со Изборниот законик од 2015 година воведува обврската 40% од кандидатите на изборните листи да се жени и во првите десет од листата најмалку 3 да бидат жени.

    Во актуелниот состав на пратеници во Собранието, со мандат 2020-2024, има 50 жени, наспроти 70 мажи, односно жените се застапени со 41,6 отсто. Ова е досега највисок процент на застапеност на жените во законодавниот дом и најдобар родов баланс. За споредба,  во претходниот состав имало 36%  жени-пратенички. Напредок во застапеноста на жените во Собранието е постигнат благодарение на воведените  квоти, но се поставува прашањето дали тие не се само бројки кои мора да се почитуваат или подеднакво влијаат при донесувањето одлуки и креирае политики.

    Што се однесува до локалната власт, моменталната состојба е најпоразителна во однос на градоначалничките мадати. Од вкупно 81 градоначалничко место,има само 2 градоначалнички, или само 2,5%.

    Според анализата на општинските совети на Државниот завод за ревизија,пак,жените се застапени со  36,45%, со што процентот се приближува кон родовата квота најмалку 4отсто од кандидатите на изборните листи за советите да бидат лица од женскиот пол. Но,иако има позитивно придвижувае во родовиот баланс, сепак  само во една општина жените советнички се процентуално повеќе застапени од мажите советници, додека во два општински совети избрана е само по една жена.

    Во однос на градоначалничките мандати и предводењето на Советите на општините, Североисточниот регион може да се пофали со завидно ниво на застапеност на жените. Една од 2-те градоначалнички во државата, покрај Данела Арсовска на Град Скопје,  е токму Жаклина Јовановска, градоначалничка на Старо Нагоричане на која ова и е втор мандат. Општинските совети во 5 општини од регионот, ги предводат жени-претседателки: во Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане и Ранковце, освен во Липково. Но, балансираната застапеност во советите, сепак е во корист на мажите. Советничките најдобро се „котираат“ во Крива Паланка каде нивниот процент изнесува 42 отсто, следува Кратово со 40%, потоа Куманово со нешто над 39%,  во Липково 37% и во Старо Нагоричане и Ранковце жените се застапени со 33 отсто.