2012. година ја завршуваме на 81. позиција
Македонската фудбалска репрезентација забележа напредок од две места на ФИФА листата.

Македонската фудбалска репрезентација годината што изминува ќе ја заврши на 81-та позиција. На најновата листа на ФИФА која е објавена денеска Македонија забележа скок од две места, а пласманот можеше да биде уште подобар доколку не беше убедливиот пораз од Полска со 4:1 на пријателскиот меч одигран во Анталија на 14-ти овој месец.
Нашиот национален тим оваа година ја започна од 103-тото место, а ќе ја заврши на 81-то што претставува напредок за 22 позиции.
Од селекциите кои се во нашата група во квалификациите за СП, најдобо котира Хрватска која на декемвриската листа се најде на 10-тото место, потоа следува Белгија која е на 21-то, Србија е на 38-та позиција, Шкотска е на 72-та, а Велс е едно место под нас, односно се наоѓа на 82-та позиција.
На врвот и натаму е Шпанија, пред Германија и Аргентина. Четвртото место и припаѓа на Италија, потоа следува Колумбија, а од шестото до десетото место се наоѓаат селекциите на Англија, Португалија, Холандија и Хрватска.