Ослабеното Куманово го пречекува „младиснкиот“ Вардар
14.12.2012 14:49
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре ја пречекуваат екипата на Вардар во претпоследното коло од зимскиот дел на кошаркарското првенство.

Куманово во последниот натпревар против Левски настапи без Димчевски, Луковиќ, Станимировиќ и Георгиевски па нивниот настап е неизвесен и утре.
Екипата на Вардар е најмлад тим во лигата и нивниот најстар играч има 25 години. Сепак малку недостасуваше тие да направат изненадување уште во првото коло од кошаркарското првенство кога имаа водство и неизвесен резултат во поголемиот дел од натпреварот.
Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала во Куманово со почеток во 19 часот.