Ракометарките на Србија обезбедија полуфинале на првенството
13.12.2012 19:02
| KumanovoNews
Маестралната Катарина Томашевиќ обезбеди полуфинале на Европското првенство победувајки ја Франција со резултат 18:17.

Иако ракометарките на Србија имаа водство во почетокот на мечот, натпреварот влезе во неизвесна завршница во која своја вечер имаше голманот Катарина Томашевиќ, која успеја да одбрани две контри на французинките во последната минута, и ја донесе победата покрај седумнаесетте изгубени топки.
Во полуфиналето, тие ќе се сретнат со екипата на Црна Гора а натпреварот ќе се одигра во сабота.
Второто полуфинале го играат репрезентациите на Норвешка и Унгарија.