Седми ден ракомет на Европското првенство во Србија
10.12.2012 09:56
| KumanovoNews
Без ниту еден слободен ден продолжуваат натпреварите на Европското првенство за ракометарки што се одржува во Србија.

Денеска на програмата се натпреварите од 1.коло од група 1 која се игра во Белград.
Двојките се: Чешка – Данска, Норвешка – Франција и Србија – Шведска.
Табела: Норвешка 4, Франција 2, Србија 2, Данска 2, Шведска 2, Чешка 0.
Вчера се одиграа натпреварите од групата 2 во Нови Сад. Постигнати се следниве резултати: Црна Гора – Унгарија 28:26, Германија – Русија 26:26 и Романија – Шпанија 31:26.
Табела: Црна Гора 6 бодови, Унгарија 4, Романија 3, Шпанија и Русија по 2 и Германија 1.