45 нови ученици во „Панче Пешев„
19.09.2016 12:57
| KumanovoNews
Во основното музичко училиште „Панче Пешев„ оваа година во прво одделение се запишани нови 45 деца.
„Учениците во прва година изучуваат солфеж и теорија на музика. Во второ одделение ќе можат да се определат за инструмент, кој што ќе го изучуваат во наредните години, - вели Ивана Андоновска- Свилар, директорка во МУ „Панче Пешев„.
Настава посетуваат вкупно 200 ученици во сите одделенија по инструментите: пијано, виолина, хармоника, гитара, кларинет, труба и пеење. Најголем интерес има за пијано и виолина.
Во училиштете има 9 годишно, шестгодишно и трогодишно образование.