Мени

Акцијата за чистење на православните гробишта ќе трае три дена, повик до граѓаните масовно да се вклучат

18.08.2026 14:34 | KumanovoNews

Aкцијата за чистење и уредување на православните градски гробишта во Куманово ќе се одржи во петок, сабота и недела, во период од 07:00 до 14:00 часот. 

Акцијата за чистење на православните гробишта ќе трае три дена, повик до граѓаните масовно да се вклучат

Од ЈП „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово, ги повикуваат граѓаните кои имаат гробни места, масовно да се приклучат  и да придонесат кон уредување на просторот.

„Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ ќе бидат задолжени за стазите за пешачење, просторот околу гробните парцели и заедничките површини, со ангажирање на сите расположливи ресурси, работна сила и механизација. Само со заедничко учество можеме да придонесеме гробиштата да бидат чисти, уредни и достоинствени. Ова нека биде заеднички чин на почит, одговорност и љубов кон нашите најблиски“, стои во повикот на организаторите.

Акцијата се организира пред верскиот празник Богородица, кој е на 28 август, кога граѓаните ги посетуваат вечните почивалишта на своите најбиски.