Автопатот Куманово-Скопје ќе се реконструира
31.03.2016 13:21
| KumanovoNews
Во текот на наредниот месец ќе започне реконструкцијата на автопатот Куманово-Скопје.

„Се работи за голема инвестиција во соработка со ИПА фондовите. Една делница чини 5 милиони евра, а целиот прокт над 10 милиони евра. Првата фаза започнува во месец април, следната за неколку месеци. За 12 до 15 месеци ќе имаме нов автопат Скопје- Куманово, - изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, денеска во Куманово.
Тој додаде дека ова е еден од пооштетените патишта и затоа наскоро ќе се реконструира.