×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Без проблеми полагањето матура во Куманово

    04.06.2016 12:31 | KumanovoNews

    Без проблеми поминува првиот ден од полагањето на државната матура во четирите средни училишта во Куманово.

    Без проблеми полагањето матура во Куманово

    Денеска учениците полагаа мајчин јазик како задолжителен предмет.

    Во Гимназијата „Гоце Делчев“ државна матура полагаат 247 ученици, во гимназијата „Сами Фрашери“ полагаат 269 ученици, во eкономското „Перо Наков“ 165 на македонски и 132 на албански јазик, во земјоделското „Киро Бурназ“ 10 ученици на македонски и седум на албански, во техничкото „Наце Буѓони“ полагаат 135 ученици од македонските паралелки и 204 од албанските.

    Навреме и без проблеми се одвива полагањето на матурата и во останатите средни училишта.

    На 9 јуни, матурантите ќе полагаат математика, на 13 јуни странски јазик, а на 15­ти јуни, физика, хемија, биологија, историја, филозофија и естетика.