×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Брат ми беше чесно и мирно момче

    30.06.2016 14:21 | KumanovoNews

     Се сомневам дека убиството го извршил оној што бил со него критичната вечер. Многу работи водат во тој правец.

    Брат ми беше чесно и мирно момче

    Д.Д. од Куманово доби 30 дена притвор, под сомение дека го извршил убиството на Бојан Илиевски (31), кој во неделата исчезна од дома.

    Безживотното тело на момчето било пронајдено вчера откако кумановец, завчера вечер, пријавил дека во близина на бунарот забележал траги од крв. По информацијата, полицијата излегла на лице место и го пронашла телото.

    Починатото момче во пределот на десната слепоочница имало прострелна рана, најверојатно, направена од огнено оружје.

    „Се сомневам дека убиството го извршил другар му, кој бил со него критичната вечер. Многу работи водат во тој правец. Брат ми беше многу чесно и мирно момче. Немал проблеми со никого, можете да прашате кого сакате“, - вели брат му Југослав, по телефон.

     Бунарот каде е пронајдено безживотното тело е длабок 15 метри, а имало 4,5 метри вода. Околината е обрасната во борова шума и грмушки, па таму често се собирале лица со сомнително однесување.

    „Во неделата наутро ни кажаа дека таму има крв, но не ни помисливме дека се случило убиство. Мислевме дека е убиено некое животно, и затоа не пријавивме во полиција. Водата беше од порано загадена па ставивме табла дека не е за пиење, но доаѓаат луѓе и црпеа од неа, бидејќи ја сметаат за лековита“, - раскажуваат од црквата „Св. Мина“.

    Телото на починатиот е дадено на обдукција, а истрагата треба да утврди што му предходело на убиството.