×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЦИД организираше тренинг за младински граѓански активизам

    24.08.2016 09:50 | KumanovoNews

    Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) со подршка на Националната фондација за демократија одржа тренинг курс во Маврово на кој се промовираше младински граѓански активизам и дијалог во  мултиетнички заедници во Северна Македонија.

    ЦИД организираше тренинг за младински граѓански активизам

    Со овој проект се опфатени општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.   На тренинг курсот учество зедоа 20 ученици од средните училишта во Куманово и Липково како и од основното училиште од Старо Нагоричане.

    Преку овој тренинг курс, учесниците ги детектираа главните предизвици во нивните средини и развија најмалку 4 политики за застапување со цел промовирање на младинските права, активности за градење на мир и разрешување на конфликти од перспектива на младите. Активностите ќе се фокусираат на потикнување на меѓукултурен и меѓурелигиски дијалог и ќе им овозможи на младите учесници да бидат промотори на општествени промени во нивните средини, - се вели во соопштението на ЦИД.

    Овие активности ќе имплеметираат од втората половина на септември.

     ЦИД заедно со младинска организација од Романија -FDPL која е партнер во овој процес, ќе спроведат импакт евалуација за да ги увидат промените како и силните и слабите страни на овие иницијатива. Врз база на овој процес, ЦИД ќе ипечати водич за младинска граѓанска партиципативност, со цел да промовира човекови права и активности за градење мир, за што ќе бидат употребени специфични партиципативни алатки за зајакнување граѓански активизам во мултиетнички и мултикултурни средини.