×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски се мисли за уште еден мандат

    06.06.2016 14:30 | KumanovoNews

    Градоначалникот Зоран Дамјановски, тврди дека сеуште не одлучил дали уште еднаш ќе се кандидира на локалните избори, но доколку добие подршка од граѓаните и партијата ќе размисли дали ќе го прифати предизвикот.

    Дамјановски се мисли за уште еден мандат

    „За тоа ќе размислувам кога ќе дојде време. Се надевам дека тоа ќе биде одговор на расположението на граѓаните. Ако граѓаните го сакаат тоа и ако мислат дека јас сум во добра кондиција, можеби и ќе размислам во тој правец. Меѓутоа уште е рано, без адекватни сондажи и испитување на јавното мислење и прогнози, кои даваат некоја доверба за да излезам на тој мегдан. Бидејќи јас тоа го сметам како мегдан на политичка борба, а не како узурпација на функцијата. Не сакам така да ме гледаат граѓаните, ниту пак моите сопартијци и соработници. Ако ја заслужам довербата на граѓаните и моите соработници и ако имам широка подршка во партијата, можеби ќе размислувам во тој правец“, - одговори Дамјановски на новинарско прашање дали му е роденденска желба да добие уште еден мандат да го води Куманово.

    Дамјановски е градоначалник на Куманово 3 мандати. Првиот мандат го освои уште во првиот круг против Миомир Краљевски, со Петар Попарсов се тркаше за вториот мандат, а во третиот мандат го победи Зоран Ѓорѓиевски, сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ.