Даночен шалтер на УЈП во Старо Нагоричане
01.09.2015 10:38
| KumanovoNews
Пред зградата на општина Старо Нагоричане на 25 септември ќе биде поставен мобилен даночен шалтер на Управата за јавни приходи.

Даночниците ќе бидат таму во период од 10 до 15 часот. Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања, како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи.
Во септември мобилните даночни шалтери ќе посетат повеќе рурални општини во земјава.