×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Девојка родила бебе во тоалет и го фрлила во река

    20.08.2016 10:11 | KumanovoNews

    Девојка од липковското село Матејче се породила дома и бебето го фрлила во река. 

    Девојка родила бебе во тоалет и го фрлила во река

    А.М.(19) од Матејче, која била во поодмината бременост завчера се породила во шољата во тоалетот откако почнала обилно да крвари и бебето го ставила во кофа и го фрлила во реката која се наоѓала зад нејзината куќа.

    Откако и се влошила здравствената состојба и не престанало крварењето, вечерта родителите ја однеле на гинеколошкото одделение во Општата болница Куманово. При прегледот лекарот утврдил дека девојката се породила во последните 24 часа.

    Случајот бил пријавен во Кумановската полиција по што нивна екипа излегла на терен и го пронашла бебето.

    Од ОЈО нареден е гинеколошки преглед девојката, а телото на бебето е предадено на обдукција. Девојката предходно не била на лекар и не ја контролирала бременоста.

    Неофицијално, бебето било женско,  тешко 2,5 килограми и било живо неколку часа. Имало повреда на главата најверојатно од ударот во реката.Се работи на утврдување на околностите под кои се случило чедоморството.