×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Диво насеље една година по конфликтот

    09.05.2016 15:08 | KumanovoNews

    Во двете улици во Диво насеље, каде за време на вооружените дејствија беа разурнати 60-тина куќи, речиси и нема траги од дводневниот конфликт од минатата година.

    Диво насеље една година по конфликтот

    На местото на урнатите и запалени објекти никнале убави повеќекатници.  Се довршуваат градежните работи и се уредуваат дворовите. Жителите свртени кон секојдневите обврски, не беа расположени да зборуваат за ланските случувања. Велат дека денеска е тажен ден за нив, бидејќи немилите настани им го смениле животот. Иако куќите им се поправени и матерјално се обештетени, кажуваат дека останале лузни,  кои додека се живи ќе ги потсетуваат на војната во нивното маало, бидејќи им донела многу страв и неизвесност.

    “Многу ни е тешко денеска. Исто како и пред една година. Не ме прашувајте ништо, дојдете некој друг ден ќе разговараме. Сега не можам“, - рече кратко еден повозрасен маж и го сврте погледот за да не му ги видиме солзите.

    Жителите Македонци и Албанци тврдат дека нема поделба по национална основа во Диви насеље, но признаваат дека се повеќе православни семејства ги продаваат куќите.

    „Македонци, Албанци, Роми, сите сме исти, живееме тука како и пред вооружениот инцидент. Кој не прашува нас за било што. Политичарите знаат што се случуваше во Диво насеље„, - вели еден Албанец.

    „Никој ништо не ни вика, нема проблем ни со децата ама се создаде голема несигурност по конфилктот. Се уплашија луѓето и не сакаат да останат тука да живеат. Многу куќи се на продажба,- тврди наш соговорник Македонец.

    Првиот човек на градот смета дека само високата совест на кумановци, минатата година го спречила нарушувањето на соживотот во градот. За него сеуште се неразбирливи и непознати мотивите за терористичкиот напад, кој носел опасност да предизвика мултиетнички конфликт со несогледиви последици.

    „Оставам времето полека да го избрише тој настан и Куманово повторно да се врати како град кој секогаш ја негувал мултиетничката традиција, град кој има граѓански концепт, разбирање, толеранција на релгија, вера, па и политичките превирања знаеме да ги надминеме. Овој црн настан во историјата на Куманово што побрзо да биде  заборавен, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Додека заминувавме од Диво насеље, се сообираа луѓе да протестираат и да бараат ослободување на притворените, нивни соседи, осомничени за тероризам.

    Во вооружениот конфлик загинаа 8 полицајци, а 42 беа ранети. Меѓу терористите имаше убиено десетина лица, а 29 се во притвор за тероризам.

    Овој настан го обележа Куманово како несигурно место за живеење, иако неколку години пред тоа беше прогласен за град на мирот на Балканот.