Го удрила струја додека работел на базен
04.06.2016 12:40
| KumanovoNews
Работник е повреден од струен удар додека работел на затворениот базен во Куманово.
Несреќата се случила синоќа во 19.15 часот, кога З.А.(52) од Скопје додека извршувал електричарски работи на покриениот базен на ул.„Пиринска Македонија“ во Куманово, во еден момент дошло до струен удар.При тоа тој паднал од скала висока околу пет метри и се здобил со тешки телесни повреди. Скршеница на десна рака, десна аркада и двете колена, по што бил пренесен во ОБ-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.