Градежен работник тешко повреден при пад од скеле
26.07.2016 13:06
| KumanovoNews
К.Т.(51) од Куманово, вработен во фирмата „Адора Инженеринг", паднал од скеле додека работел на градилиште во населбата Илинден.
Несреќата се случила вчера во 12.30 часот, кога работникот изгубил контрола и паднал од височина од 3,80 метри. Од повредите паднал во безсознание и почнал да крвари од носот.
Со возило на Итна медицинска помош К.Т. бил однесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.