×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градинките претрпани нема пари за нови објекти

    28.07.2016 13:25 | KumanovoNews

     Општината се жали дека нема пари, а владата постојано се фали дека гради детски градинки, но нивните проекти го заобиколуваат Куманово, додека родителите мака мачат каде да ги згрижа децата додека се на работа

    Градинките претрпани нема пари за нови објекти

    Над 500 дечиња се на листата на чекање за преим во детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово.

    Иако проектираните капацитети во 6-те објекти се 889 деца, во градинката се запишани дупло повеќе.

    Бројката од 1.728 деца ви кажува дека состојбата веќе е алармантна и затоа е неопходна доградба, надградба или изградба на нов објект,- вели Марина Алексовска, директорка на детска градинка „ Ангел Шајче“.

    За разлика од шесте објекти во кои нема место за дополнителен прием на дечиња, слободни места се уште може да се најдат во двата центра за ран детски развој, кои што започнаа со работа од март годинава во основните училишта „11 Октомври“ и „Христијан Карпош“ во населбата Иго Тричковиќ.  Овие центри се наменети за тричасовен престој на децата од предучилишна возраст.

    Иако Советот на општината донесе одлука за приоритетно проширување на неколку градинки и изградба на нови, поради немање финасии, засега нема најава за такво нешто. Владата, пак, постојано се фали дека инвестира во подобрување на условите за детско сместување, па дури и во руралните средини, но нивните проекти го заобиколуваат Куманово.

    Додека надлежните се смилуваат да најдат решение на овој проблем, родителите мака мачат каде да ги  згрижат децата додека се на работа.