Гром удри во викендичка во Зебрњак
26.07.2016 10:39
| KumanovoNews
Електричното празнење се случило вчера во 19.20 часот, но не го запалило објектот ниту е повреден некој од луѓето.

Гром удри во викенд куќа во селото Зебрњак. Електричното празнење се случило вчера во 19.20 часот, но не го запалило објектот. Сопственикот пријавил во полицијата и побарал екипи на ЕВН да излезат на терен и да ја исклучат електричната енергија од бандерата за да не дојде до пожар. За среќа нема повредени од ударот на гром.