Исчезнаа две лица од Куманово
01.07.2016 13:26
| KumanovoNews
Две лица се пријавени за исчезнати во Кумановската полиција.

Во текот на вчерашниот ден жител на Младо Нагоричане, во 14.30 часот пријавил во полицијата, дека во вторникот од дома исчезнал неговиот татко М.Ц.(63).
Половина час пред тоа, А.З. од Черкеско село ја известил полицијата дека извесно време ја нема неговата невенчана сопруга Е.Ф.(44). Таа излегла од дома минатиот петок и повеќе не се вратила.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатите лица.