Мени

Изгоре мотор во центарот на градот

03.09.2015 07:42 | KumanovoNews

Вчера околу 14.00 часот на улицата Ленинова изгоре мотор марка Скутер Јамаха.

Изгоре мотор во центарот на градот

Според очевидци, пожарот најверојатно настанал поради топлото време. Моторот кој бил паркиран пред зградата на поранешен Палас од непознати причини се запалил и подоцна експлодирал.

И покрај брзата интервенција на противпожарната единица од Куманово моторот целосно изгорел и од него не останало речиси ништо.