Каменуван воз во Черкеско село
30.03.2016 14:05
| KumanovoNews
Патнички воз е каменуван на дел од пругата помеѓу железничка станица Куманово и железничка станица Превој, поточно кај с.Черкеско село.

Инцидентот се случил вчера во 8.05 часот, кога две непознати малолетни лица извршиле каменување на возот кој сообраќал на релација Табановце-Скопје. Од извршеното каменување било скршено едно подвижно прозорско стакло од вагон, а повредени патници нема.