Контејнери и камион од јапонската влада за Куманово
Камион за смет, сто контејнери и 10 корпи за смет, донираше јапонската влада преку УНДП на Куманово.

Половина од донацијата е наменета за транзитниот центар Tабановце, а останатото за потребите на ЈП „Чистота и зеленило“.
„Поради справување со проблемите во кампот на бегалците на Табановце добивме помош од јапонската влада и УНДП. Покрај контејнерите и корпите ќе добиеме и едно возило кое има капацитет да собере 10 кубни метри смет. Парите се уплатени на сметка на општина куманово и овие денови ќе биде донесено и регистрирано“,- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Помошта ја врачи почесниот граѓанин на Куманово Лујза Винтон и амбасадорот на Кралството Јапонија, кои потсетија дека Јапонија одвои 2,25 милиони долари за Гевгелија и Куманово.
За донацијата се заблагодари директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Сашо Петрушевски.
„Еден дел од контејнерите ќе ги транспортираме веќе утре според потребите на ценатрот, а вториот дел ќе ги употребиме во централното градско подрачје. Ќе ги смениме старите, запуштени и скршени контејнери со нови“, -изјави Петрушевски.