Кумановец се обесил во дворот на семејната куќа
23.08.2016 20:07
| KumanovoNews
Средовечен кумановец вечерва се обесил во дворот на семејната куќа во центарот на Куманово.

Според очевидци, самоубиството се случило околу 21.30 часот на улицата „Кирил и Методи“ спроти Народниот театар. Безживотното тело на несреќниот човек го пронашле членови на семејството, по што повикале Брза помош и Полиција.
Се врши увид на лице место.