×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановка ќе учи на Светскиот обединет колеџ во Мостар

    19.08.2016 08:40 | KumanovoNews

    Јована Јовановска од Куманово е единствена средношколка од Македонија која своето образование ќе го продолжи на Светскиот обединет колеџ во Мостар, Босна и Херцеговина.

    Кумановка ќе учи на Светскиот обединет колеџ во Мостар

    Јована во силна конкуренција на 100 ученици од целата држава успеја да се избори и да обезбеди место на престижниот колеџ.

    „Во Мостар се примени над 100 ученика од целиот свет,а јас сум единствена од Македонија. Таму ќе завршам трета и четврта година.  Наставата се изучува на англиски јазик според најпрестижната подготвителна програма за понатамошни додипломски студии, Меѓународна матура, или во светот попозната како International Baccalaureate (IB). Освен одличните академски можности што ги нуди колеџот, важен елемент е заедничкиот соживот меѓу ученици од различни држави, раси, религии, економски позадини, класи, култури, - вели Јована.

    По завршување на колеџот Јована се надева дека ќе се запише на некој од  врвните факултети во Америка или Европа.

    „Се уште не знам што би сакала да биде моја идна професија бидејќи ме интересираат повеќе гранки и се надевам дека UWC Mostar ќе ми помогне да одлучам за тоа. Инаку, до сега бев одличен ученик прво во основното училиште "Крсте Мисирков" каде што бев прогласена и за ученик на генерација, а потоа и во првите дев години во гимназијата "Гоце Делчев", - додава Јована.

     Таа има учествувано и освоено награди на повеќе општински, регионални и републички натпревари.