Мигрант се качил на цитерна го удрила струја
Мигрант од Алжир е повреден на железничката станица Табановце откако го удрила струја додека се качувал на вагон.

Повредениот со сериозни изгореници по телото пренесен е во Ургентниот центар Скопје и задржан на понатамошно лекување.
Несреќата се случила вчера во 8.10 часот, спроти кампот за мигранти на железничката станица Табановце. На третиот колосек, во вагон на товарен воз се криеле 4 мигранти, кои илегално влегле во државата и сакале да ја поминат македонско-српската граница. Додека се качувале на цистерната Е.У., од Алжир, со маталениот дел од патентот на ранецот допрел високонапонски кабел од 25.000 волти. Тогаш го фатила струја и се здобил со изгореници по рацете, нозете и стомакот. Откако се вклучила сигнализацијата на станицата и се почувствувал мирис на изгорено тело, на помош притрчале екипи од Црвен крст од транзитниот центар Табановце. На повредениот му укажале прва помош и со возило го пренеле во Кумановската болница. Поради сериозноста на повредите, изгореници од 2 и 3 степен, Алжирецот бил префрлен на Скопските клиники.
Луѓе од транзитниот центар велат дека мигрантот имал среќа што останал жив, бидејќи доколку високонапонската жица ја допрел со телото, на место ќе изгорел.