×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Награди за кумановци за Денот на царинската управа

    15.04.2016 13:06 | KumanovoNews

     Една поединечна и две колективни пофалници се врачени на  кумановци, по повод денот на Царинската управа на Република Македонија.



    Награди за кумановци за Денот на царинската управа

    Бобан Николовски, шеф на царинска испостава Табановце автопат, Царинарница Куманово за постигнати исклучителни резултати и  приватната фирма Филипфрос Куманово за успешна соработка, добија признанија во вид на плакета и пофалница од Царинската управа на Република Македонија, по повод 14 април Денот на царинската управа.

    Признанијата се доделени заради постигнати исклучителни резултати во работењето, со што се придонесува кон порационално, поефикасно и поквалитетно работење на Царинската управа.

      Директорката Радеска Крстевска истакна дека успесите во Царинската управа се резултат на повеќегодишна, фокусирана, трпелива и тимска работа на стручните луѓе во Царинската управа.