×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не се знае колку дожд наврна во Куманово

    26.07.2016 10:02 | KumanovoNews

    Само 1,5 литар на метар квадратен наврнат дожд е измерен во последните 24 часа на Филтер станицата во Куманово.

    Не се знае колку дожд наврна во Куманово

    Ова бројка не е точна со оглед на тоа што во текот на вчерашното попладне и утринава во градот паѓаше пороен дожд.

    „Дождот врнеше на облак и го зафати централното подрачје и населбите Доброшане и Карпош. Во Филтер станицата каде што е поставена мерната станица немаше толку обилни дождови, а  таму каде што врнеше повеќе не се мерат врнежите. Затоа оваа бројка не се совпаѓа со реалната состојба на терен“ - велат од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово(РЦУК).

    Во текот на вчерашното попладне имало поплава во подрум и во дворно место од затната шахта во населбата Карпош, а поплавени беа и улиците во централното градско подрачје и булеварот Октомврсика револуција.  Силниот ветер и краткото невреме скрши една дрво во близина на Биртекс.

    Од РЦУК велат дека водостојот на реките не е зголемен и нема опасност од поплави.