Невремето скрши врба на „Октомвриска“
25.07.2016 16:20
| KumanovoNews
Невремето кое го зафати Куманово по 15 часот урна дрво на булеварот „Октомвриска револуција„.

Скршеното стебло падна пред зградата спроти „Биртекс“, но не предизвика оштетувања на околните згради или паркираните автомобили. Можно е да има помали оштетувања на автомобил застава 101, бидејќи врз него имаше најмногу гранки.
Една жена раскажуваше дека во врбата удрил гром и ја скршил, додека други тврдат дека дрвото било труло и попуштило под силината на ветрот.
Станарите од околните згради велат дека тие неколкупати пишувале барање до надлежните во општината за сечење на старата врба, но откако излегле на терен не преземале ништо.