Носел пиштол во торба, па пукал во возило
30.06.2016 13:23
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.З. (50) од Куманово, поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.

На 12.јуни околу 19 часот Б.Р. движејќи се со своето патничко возило во кое бил и сопатникот С.М. во еден момент од левата страна го забележал пријавениот како со раце му дава знак дека во торбата која ја носел има пиштол и дека ќе го употреби. Кога оштетениот застанал сакајќи да го праша зашто му се заканува пријавениот го извадил пиштолот и испукал два проектила кон возилото во правец каде што седел оштетениот погодувајќи го истото во пределот на вратата, по што Б.Р. исплашен заминал.