×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

    09.05.2016 12:22 | KumanovoNews

    Делегации од локалната самоуправа, борци, полиција, политички партии, јавни претпријатија, училишта, невладини организации и граѓани, денеска положија свежо цвеќе на Спомен Костурница на паднатите борци од НОБ, во чест на 9 мај-Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

    Одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

    На овој ден 1945 година фашистичка Германија потпиша капитулација со што се означи крајот на најголемиот воен судир во историјата на човештвото Втората светска војна.

    За значењето на овој датум за македонскиот народ, зборуваше градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

    „Познато е фактот дека нашата земја даде голем придонес во Анфифашистичката војна и тоа е неодминлив дел на слободарската историја на нашето поднебје. Македонскиот народ ја остварува својата вековна желба за слобода и се остварија илинденските идеали. Во таквиот хероизам и непокор учеството на Куманово е особено значајно и големо. Тоа е нешто што и денеска не напојува со непоколебливиот дух да истраеме во напорите за зачуваување на слободата, за праведно современо општество со светли текови за брз економски и социјален културен развој, - истакна Дамјановски.

    Тој истакна дека за Куманово како мултиетнички град најзачајно е да се негува заедништвото и слогата, а граѓаните го покажа тоа во изминатиот период, особено на денешен ден минатата година.

    „Секогаш кога некој ќе се обиде да направи меѓунационален судир на  нашето подрачје, кај нашите граѓани постои свест која е градена во изминатите години. Само слогата е просперитет за сите, додека злото е несреќа за сите наши граѓаните, - додаде Дамјановски.

    Градоначалникот потсети дека на денешниот датум се слави Денот на Европа,  кон која се стреми и нашата држава.