Оглас за откуп на земјиште во Куманово
01.09.2015 10:57
| KumanovoNews
Министерството за земјоделство објави огласи за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до и над три хектари во повеќе општини, меѓу кои и во Куманово.

Закупот е за период од 15 до 70 години, зависно од тоа која култура ќе се одгледува. Право на учество имаат физички и правни лица, односно можат да аплицираат трговци поединци, регистрирани земјоделци или вршители на земјоделска дејност запишани во регистар на земјоделските стопанства. Понудите треба да се достават во рок од 30 дена. За повеќе информации заинтересираните можат да се обратат во ресорното министерство.