×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Околу 500 спорни гласачи од Куманово се пријавиле во ДИК

    19.08.2016 15:02 | KumanovoNews

     Околу 500 спорни гласачи од Куманово, Липково и Старо Нагоричане се пријавиле до денеска во канцеларијата на ДИК.

    Околу 500 спорни гласачи од Куманово се пријавиле во ДИК

     Над 200 граѓани дошле лично да ги проверат податоците, а уште толку по електронски пат.

    По вкрстената и проверка во Куманово откриени се 2074 спорни гласачи.

     Одделението на Министерството за правда во Куманово ќе работи до 19 часот, кога завршува терминот за проверката.

    Согласно договорот на партиите – потписнички на Пржино, гласачите кои нема да се јават ќе бидат избришани од Избирачкиот список и нема да имаат право да гласаат на претстојните избори.

    Според последниот договор за излез од политичката криза, партиите договорија 39.502 гласачи да мора да се пријават ако сакаат да гласаат, а уште 171.000 да се стават на посебен извод од списокот, бидејќи се смета дека не живеат во земјава.

    Вториот услов за фер и демократски избори е регулацијата на медиумите, што, според последниот договор, ќе се направи со формирање на привремената комисија што ќе треба да ја следи работата на медиумите 100 дена пред избори.

    Ако политичките партии оценат дека исполнети се овие два услови, се очекува на 31 – ви месецов да се одржи лидерска средба, да се договори преодна влада од први септември и избори на 11 декември.