×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложба на слики на Маја Јаќимовска

    16.09.2016 13:25 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, синоќа беше отворена изложбата на слики „Минливи секвенци“ од авторката Маја Јаќимовска.

    Отворена изложба на слики на Маја Јаќимовска

    Изложбата содржи двесеттина дела работени во масло на платно.

    Оваа е моја прва самостојна изложба. Делата започнав да ги работам кон крајот на моите студии и продолжив да работам и по дипломирањето, изјави Јаќимовска.

    Историчарот на уметност од кумановскиот Центар за култура, Роберт Цветковски изјави дека Јаќимовска е мошне интересен автор, бидејќи како основа на своето сликарство го третира вечерното светло и ефектите кое тоа ги произведува.

    Маја Јаќимовска е родена 1991 година во Крива Паланка. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Добитник е на втора награда на 7. Студентско интернационално арт биенале, а учествувала и на повеќе групни изложби во земјата и во странство.Изложбата се реализра со поддршка на Министерството за култура.