По третпат се продава Тутунскиот комбинат Куманово
22.03.2016 13:19
| KumanovoNews
По два неуспешни обиди Тутунскиот комбинат Куманово, ќе се продава по третпат.
Огласот е објавен пред неколку дена, а надавењето е закажано на 5 април.
Фабриката за производство на цигари се продава како целина. Во пакетот се: недвижен имот – деловни згради, машини и опрема, подвижен имот и залиха на тутун. Вкупната вредност на имотот е проценета на 12.4 милиони евра.
На последната продажба комбинатот се нудеше без почетна цена, но немаше заинтересирани купувачи.