Почина прегазеното дете
02.07.2016 09:11
| KumanovoNews
Почина детето кое беше прегазено пред Здравствениот дом во Куманово, пренесуваат медиумите.
4 годишниот Алмир беше прегазен минатата сабота во 22.30 часот, додека со своите родители бил на лекар. Во ходникот пред ординацијата настанала расправија помеѓу таткото на детето и кумановецот Б.И., која продолжила надвор. Тогаш возачот со својот мерцедес удрил во родителите и детето, по што побегнал.
Наредниот ден судија од Основниот суд – Куманово, на Б.И. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.