×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиера на „Волшебникот од Оз„

    21.03.2016 13:45 | KumanovoNews

    Во Кумановскиот театар вечерва премиерно беше изведена детската претстава „Волшебникот од Оз„, според текст на Франк Лајман Баум, а во режија на Бојана Краљевска.

    Премиера на „Волшебникот од Оз„

    Иако се работи за претстава за деца која е напишана повеќе од 100 години, сеуште е актуелна. Една тема со возбудливи и интересни ликови, преку возбудливи ситуации, кои трагаат по вистинските вредности во животот, кои, всушност, секој човек си ги носи во себе, а треба само упорност и чесни постапки во животот да ги пронајде и да стигне до нив, - рече режисерката Краљевска.

     Во претставата играат: Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Мартин Лазаревски, Александра Михајловска, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, кои треба да ја освојат и задржат детската публика.

     За секој актер е големо задоволство, покрај другиот репертоар за возрасни, да работи за деца. Тоа е публика која што навистина искрено гледа, искрено ни се радува и во претставата и после неа. Се надевам дека тоа уживање и таа еуфорија што ние ја имаме на сцената ќе ја пренесеме на публиката и со младите луѓе ќе воспоставиме одличен флуид, - изјави  актерката Кети Дончевска Илиќ, која ја игра вештерката.

    Во Кумановскиот театар по долга пауза повторно започнаа да се играат претстави за деца. По “Пинокио“ сега и „Волшебникот од Оз“

    Почетокот на претставата е во 18.30 часот, а првтат реприза во сабота во 12.30 часот.