Прием на странки во општината во утврдени термини
02.09.2015 08:56
| KumanovoNews
Почнувајќи од 1 септември прием на странки во секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина и природата – одделение за урбанизам во општина Куманово ќе се врши во утврдени термини.
Странки ќе се примаат во понеделник, среда и петок од 8 до 11 часот, а во вторник и четврток од 8 до 16 часот, стои во соопштението објавено на веб сајтот на општина Куманово.