×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Притвор за осомничениот за убиството во „Св. Мина„

    30.06.2016 11:02 | KumanovoNews

    Основното јавно обвинителство – Куманово, побара определување мерка – притвор за осомниченото лице Д.Д. што вчера беше задржано во Полициската станица во Куманово.

    Притвор за осомничениот за убиството во „Св. Мина„

    Во исто време наредено е психијатриско вештачење на осомничениот, како и вештачење на материјалните докази пронајдени при претресот на неговиот дом.

    Во текот на вчерашниот ден, во бунар, во непосредна близина на црквата „Света Мина“ во с. Доброшане, беше пронајдено тело на момче со прострелна рана на десната слепоочница. По извршениот увид, надлежниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото лице, наредби за вештачење на материјалните траги што беа подигнати од местото на настанот, како и наредба за претрес на домот во кој живеел осомничениот.

    Момчето неколку дена се водеше како исчезнато.