Прославен празникот Балаклија
Во црквата „Света Петка“ во населбата Бедиње, верниците од кумановско го прославија празникот Источен Петок или Балаклија.

„Денешниот празник, познат како источен петок Балаклија, всушност е поврзан со Пресвета Богодорица, затоа што Господ во Константинопол го открива чудотворниот извор на Пресвета Богородица каде што од самиот почеток тој има исцелителна моќ. Денешниот празник е поврзан и со „Свети Ѓорѓи“ великомаченикот кој претпрува големи маки и страда заради Христа“,- вели отец Антони Стојковски.
Дел од верниците велат дека секоја година доаѓаат на празникот за се помолат за здравје и среќа во семејството.
„Доаѓам да го одбележам да се помолам за сите, да се живи и здрави за многу години празникот. Ова е навистина голем празник“, - вели една од верничките.