Протест за правда во Куманово
04.07.2016 08:36
| KumanovoNews
Под мотото „Протест за правда„ невладина организација организира протест во Куманово, поради смртта на 4 годишното дете, кое минатата сабота беше прегазено пред здравствениот дом во Куманово.

Протестот ќе започне во 15 часот, пред поранешната зграда на ЗИК, а ќе заврши пред полицијата и судот во центарот на Куманово.
Алмир Алиу (4) почина во петокот попладе, како последица на сериозните повреди здобиени по удар со автомобил, поради банална расправија на неговиот татко и кумановец, пред здравствениот дом во Куманово.