Разладување во петок
12.07.2016 13:10
| KumanovoNews
Значителна промена на времето со нестабилна облачност, пороен дожд и грмежи се очекува од петок.

Кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата во наредните денови.
Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните денови.
Ќе има и пад на температурите така што за разлика од четврток кога максималната температура ќе достигне до 40-тиот степен, веќе во петок дневните температури ќе бидат до 36 степени, а во сабота до 27 степени.