Саем на книга во Градската библиотека
20.09.2016 10:57
| KumanovoNews
Во Градската библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово, од утре до сабота ќе се одржи саем на книга.

На мини-саемот ќе се продаваат дела од домашни и странски автори.
„Љубителите на книгата ќе имаат можност да ги видат актуелните изданија на „Матица македонска“ како и од издавачките куќи „Вулкан“ и „Лагуна“, при што ќе можат да купат книги по промотивни цени„- соопштуваат од Библиотеката.
Изложените дела ќе бидат достапни по саемски цени.