Се асфалтира улица во Лопате
30.03.2016 13:22
| KumanovoNews
Започна асфалтирање на улица во селото Лопате.

Улицата е во должина од 1,2 километри, која е ставена од програмата за редовно одржување и асфалтирање на улиците во градот.
„Ова е работна посета за да се запознаеме со евентуалните проблеми што се јавуваат во текот на градба„, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, кој со своите соработници заминале на терен за да видат како се одвиваат работите.
Жителите на Лопате се задоволни што конечно ќе газат по асфалт наместо по кал.