×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реновираат просториите на Центарот за лица со попреченост

    04.06.2016 12:23 | KumanovoNews

    Се реновираат Дневниот центар за лица со посебни потреби и Центарот за социјални работи во Куманово.

    Се реновираат просториите на Центарот за лица со попреченост

    Министерството за труд и социјална политика, преку проект на Европската Унија обезбеди 1,5 милион денари за создавање на подобри работни и  услови за престој на штитеницита и вработените во домот.

    „Најголемото реновирање е во дневниот центар каде што имаме извршено промена на подот на старите прозорци, фасадата, уредување на тоалетите во дневниот центар и  молерско- фарбарски работи кои се уште траат,- изјави Даниел Живачки, директор на Центар за социјални работи.

    Реновирањето на дневниот центар трае веќе триесетина дена, а дел од 26-те корисници на услугите престојуваат во „ Порака наша“. Надлежните очекуваат дека за две недели корисниците ќе можат да се вратат во центарот и во подобри услови ќе продолжат со едукацијата и работните активности.

    Истовремено се работи и на реновирање на Центарот за социјална работа.